Без победник заврши дуелот од 8. коло на Втората лига меѓу Камјани и Кожуф, откако двете екипи одиграа 1:1.
Арбин Курти во 22. минута донесе предност за домашниот тим, кој до самиот финиш ја чуваше предноста од еден гол, но во 89. минута Ерен Парталко постигна гол и го спаси гостинот од Гевгелија од пораз.
Двете екипи сега Камјани на своето конто има 11 бодови за седмо место, а пак Кожуф е деветти со девет бодови.
Во следното коло Камјани ќе гостува кај Шкупи, а пак Кожуф ќе биде домаќин на Тетекс.