ФудбалФутсал

Мал Ајакс го доби дербито со Овче Поле, Балкан ја декласираше Победа со 23 гола

Сподели
Сподели

Новата сезона во Втората футсал лига на Македонија започна доста ефикасно со голем број на погодоци на сите натпревари.

Дербито во Штип меѓу поранешниот прволигаши заврши со победа за Мал Ајакс од 2:1 над Овче Поле. Во динамичен меч, домаќинот преку Ангел Белчовски дојде прв до водство од 1:0 во 10. минута, а само три минути подоцна Јорданче Јорданов погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Мал Ајакс со голот на Стојан Коцев во 30. минута стигна до победа од 2:1.

Ланскиот прволигаш Балкан ја декласираше Победа со 23:1 во меч каде Пајтим Реџепи постигна седум гола, Фестим Балиќи пет погодоци, по два гола постигнаа Јусуф Сулејмани, Имер Ќамил, Ѓунум Сакиб, а пак Енис Реџеп, Адем Османи и Дамјан Герос по еден гол.

За прилепскиот тим во вториот дел погодија Мартин Наумов, Никола Трајкоски и Андреј Јолески.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни

Дебитантот Шутка 1 со пораз ја отвори новата сезона откако загуби на гостувањето кај Каршиака со 4:2. Гостинот имаше предност од два гола на полувреме, а стрелци беа Несим Сулејмани и Реџеп Бислим, а пак во вториот дел следуваше комплетен пресврт со головите на Сеад Јакупи, Бујамин Асани, Хамза Садики и Фуркан Ќани.

Трите бодови останаа во Кочани откако Фудбал Старс ја доби голеадата со Кратово (6:5). Херој за домаќинот беше Трајче Маринковски со три гола, двоен стрелец беше Дејвид Иванов, а еден гол постигна Давид Тренчев.

За гостинот двапати погоди Драган Стефанов, а по еднаш Валентино Јовановски, Дамјан Ивановски и Давид Тоневски.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!