Аеродром доживеа тежок пораз откако на домашен терен загуби од Кул Здравје со резултат од 0:6, во мечот од 5. коло на Трета лига регион 1.
Хет-трик постигна Никола Јовановски, а по еден гол постигнаа Матеј Цветановски, Никола Ѕурѕу и Стефан Здравески.
Фортуна имаше домашна победа од 3:1 над Студеничани преку головите на Фуркан Синан, Агон Исмаили и Ахмет Реџепи, а за гостинот погоди Диедон Ибрахими во 57. минута.
Илинден славеше во дуелот со Њу Старс во гости со сигурни 0:2, а стрелци за победата на амбициозниот тим кој има максимален ефект беа Кристијан Чурлинов во 52. минута и Давид Ристовски во 74. минута.
Башкими Љуботен пред домашната публика се израдува на голем триумф од 6:3 над Марино, најрасположен за голови беше Албан Алија со хет-трик, а во победата со по еден гол учествуваа Вулнет Далипи, Фаредин Исени и Омер Хамити. За гостинската екипа Муамедин Хасани погоди двапати, а Андреј Богдановиќ еднаш.
Извештајот на Спортска Мрежа за вчерашните мечевите е достапен овде.
По пет кола лидер е Илинден со 15 бодови, на второто место е БВК Коњаре со 13 бодови, а пак Студеничани е трет со десет бодови.