ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Архива
Сподели

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу Кеги Моби и Осогово од Крива Паланка не се одигра, откако гостинската екипа не се појави во салата по чекање од 30. минута.

Според тоа Кеги Моби ќе добие службени три бода од овој меч, а тимот од Крива Паланка сега ризикува санкции од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

Осогово кој пред две сезони играше историско финале во Купот на Македонија, минатата сезона по лошиот старт на сезоната успеа да се консолидира и да избори опстанок во елитата, но тоа што денес не се појави да го одигра мечот од првото коло е јасен знак дека нешто не е како што треба.

ДОНИРАЈ ЗА СПОРТСКА МРЕЖА И ПОДДРЖИ ГО НЕЗАВИСНОТО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

„По чекање од 30 минута, гостинската екипа не се појави на терен. Следува дополнителен извештај“, се вели во записникот од мечот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија ги започна подготовките за ЕХФ ЕУРО 2026 – ракометарките пред европскиот предизвик ќе тестираат со Финска, Италија и Турција!

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија официјално ги започна подготовките за настапот на Европското првенство – ЕХФ ЕУРО 2026. Македонските ракометарки денеска го...

Ракомет

Паунков: Победата над Струга ќе ни биде ветер во грб, нашата цел е сигурен опстанок

Синоќешната победа на Младост над Струга е силен ветер во грб за продолжението од првенството, особено што во следното коло одново во „Млаз“...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Скопје ја преполови разликата до Арсими: Варадиновски ја врати надежта во Автокоманда за опстанок

Скопје конечно ја запиша првата првенствена победа сезонава, совладувајќи го Арсими со...

Прва лигаФудбал

Тиквеш се одвои од Вардар: три гола во Скопје за посилен притисок врз врвот

Тиквеш го совлада Вардар со 0:3 на Националната арена „Тодор Проески“ и...

Втора лигаФудбал

Охрид го чува врвот, Кожуф ја изненади Брера, Осогово на бод до Новаци

Охрид, Пелистер и Работнички со победи ја продолжија трката на врвот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!