Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Владо Милев ја заврши својата кариера и заминува во пензија!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Најискусниот играч во македонската машка одбојкарска репрезентација, 39-годишниот Владо Милев, вчера го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, но и последниот меч во својата богата кариера.

Милев стави точка на долгата и успешна одбојкарска приказна на најубав можен начин – со победа над Израел на Европското првенство 2026. Неговите соиграчи го испратија во играчка пензија со триумф, овозможувајќи му совршен крај на едно поглавје кое траеше речиси три децении.

Во текот на кариерата Милев остави значаен белег како на домашната, така и на интернационалната сцена, а посебно место имаат настапите за македонската репрезентација.

Тој е еден од малкуте македонски одбојкари кои може да се пофалат со настап на сите четири Европски првенства на кои досега учествувала Македонија, што дополнително ја потврдува неговата долгогодишна важност за националниот тим.

Со вчерашниот натпревар против Израел, Милев стави крај на репрезентативната и клупската кариера, оставајќи зад себе речиси 30 години поминати под одбојкарските мрежи.

Тој е дел од генерацијата и која ги испишуваше историските успеси со настапите и во Европската лига, но и премиерата и континуитетот на континенталните собири. Истовремено градеше и успешна кариера, која започнува во родната Струмица, а потоа добива меѓународна димензија и настапи во лигите низ Европа повеќе од две децении – Чешка, Белгија, Грција, Австрија, Романија, Кипар, Црна Гора, за да заврши во Унгарија, во мај годинава.

„Премногу и дадов и јас на одбојката, но и таа мене. Чувствувам дека е време за крај и телото ми го кажува тоа. Среќен сум што заминувам со победа со националниот тим, со среќен крај! Натпреварите на ЕвроВолеј покажа дека имам достојна замена и време е да се повлечам и да оставам помладите да превземат“ – кусо коментира низ насмевка Владо Милев.

Милев стави крај на играчката кариера, но неговите ангажмани во одбојката продолжуваат со оглед на тоа дека тој е активен член на Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од Луксембург во првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Европската ракометна федерација...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Владо Милев ја заврши својата кариера и заминува во пензија!

Најискусниот играч во македонската машка одбојкарска репрезентација, 39-годишниот Владо Милев, вчера го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, но и последниот меч во...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев и Незири со победа во двојки, Јанев утре против третиот носител

Македонските тенисери Кристијан Јанев и Ерион Незири со победа го започнаа настапот...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство!

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со нов партнер – „Ладна Вода“ станува поддршка на македонските репрезентации

Фудбалската федерација на Македонија и „Ладна Вода“ потпишаа договор за соработка, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!