Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Сподели
Сподели

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров приредија убедлива партија пред домашната публика и го декласираа Луксембург со 41-23, најавувајќи дека сериозно влегуваат во новиот квалификациски циклус.

Од самиот почеток беше јасно кој ќе го диктира темпото. Македонија отвори со 3-0, а потоа предноста експресно ја зголеми на 9-1. Цврстата одбрана, предводена од расположениот Мартин Томовски, беше една од клучните причини за целосната контрола на натпреварот. Гостите тешко пронаоѓаа решение за македонскиот бедем, па на паузата заминаа со двоцифрен дефицит – 20-10.

Нападот функционираше одлично, а опасноста кон противничкиот гол пристигнуваше од сите позиции. Својата шанса ја искористи и новиот репрезентативец Хориха, кој во првото полувреме трипати се запиша меѓу стрелците. Ниту раниот тајм-аут на селекторот на Луксембург, Дидие Динар, не успеа да го запре налетот на македонските ракометари.

И во продолжението избраниците на Лазаров не го намалија интензитетот. Динар се обиде со дополнителни прекини да ја разбуди својата екипа и да пронајде начин за враќање во натпреварот, но Македонија не дозволи никакво изненадување. Напротив, предноста постојано растеше, а селекторот доби можност да им даде минутажа и на ракометарите од поширокиот состав.

Во вторите 30 минути на теренот се појавија Ристевски, Аларов, Костески и Дамјан Митев, додека на голот застана и Галевски. Промените не ја нарушија сигурноста на домашниот состав, кој продолжи да ја контролира играта и на крајот стигна до убедлив триумф од 41-23.

Со одлична одбрана, разновиден напад и колективна игра, Македонија испрати охрабрувачка порака на стартот од квалификациите. Сепак, вистинскиот тест допрва следува – избраниците на Лазаров на 8 ноември гостуваат кај Грција во Халкида, каде ќе имаат можност да го потврдат силниот почеток и да направат нов чекор кон ЕП 2028.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив во Кавадарци, три бода за Јувентус Серава, Шкупи ја доби голеадата со СЕЕ Университи

Јувентус Серава стигна до триумф над Железарец на гостински терен добивајќи го мечот од 6. коло на Првата футсал лига со резултат од...

Ракомет

Алкалоид убедлив против Мулти Есенс – Дамјан Митев со 11 погодоци!

Ракометарите на Алкалоид ја продолжија суперлигашката сезона со сигурно издание и убедлива победа над Мулти Есенс. Во второто меѓусебно соочување на двете екипи...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Позната судиската тројка за дуелот Македонија – Кипар

Францускиот судија Валентин Олио и Грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов ќе...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У16 и Црна Гора без голови на првата контролна средба

Македонската репрезентација до 16 години одигра нерешено 0:0 против Црна Гора во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Србија на првиот контролен дуел

Во првиот од двата контролни натпревари, македонската репрезентација до 15 години претрпе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!