Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со посебно признание за Маркоски – репрезентативниот дрес како спомен за долгогодишната посветеност!

Сподели
ФОТО: РФМ | Филип Вирановски
Сподели

Никола Маркоски остави значаен белег во македонскиот ракомет, а неговиот придонес во националниот тим беше истакнат и пред почетокот на квалификацискиот натпревар против Луксембург. Ракометната федерација на Македонија му приреди пригодно признание на искусниот кружен напаѓач, кој пред стартот на оваа сезона стави крај на својата играчка кариера.

На 36-годишна возраст, Маркоски зад себе остави долг репрезентативен стаж и бројни настапи во дресот со националниот грб. Во клупската кариера настапуваше за дел од најпознатите македонски екипи, меѓу кои Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер, а последната играчка станица му беше Алкалоид. Денеска останува во ракометот, каде што работи како тренер во вториот состав на Алкалоид.

Во пресрет на дуелот со Луксембург, претседателот на РФМ, Александар Стефанов, му врачи врамен репрезентативен дрес, со што Федерацијата му се заблагодари за годините посветени на националниот тим и за сето она што го даде за македонскиот ракомет.

Публиката во салата го поздрави Маркоски со аплауз, во знак на почит кон ракометарот кој со години беше дел од репрезентативната приказна. Иако неговата играчка кариера е завршена, љубовта кон ракометот продолжува од тренерската клупа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Последни подготовки на Македонија У17, утре следува првиот меч против Унгарија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години денес имаше интензивни подготовки за...

Останати репрезентацииРепрезентација

Димовска и Узеир обезбедија медали на Европското во Скопје и ќе се борат за финале

Марија Димовска и Нелсон Узеир изборија полуфинале на Европското првенство во кик-бокс...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!