Ракомет

Мајдоуб: Ништо не е загубено, сезоната е само на почетокот – против Вардар ќе го дадеме максимумот

Сподели
Сподели

Несреќниот пораз од Прилеп е минато, Младост се фокусира на следните предизвици во Супер лигата, во рамки на третото коло тимот на домашен терен ќе игра против Вардар.

Новото засилување на Младост, Ахмед Мајдоуб, во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа зборуваше за мечот со Прилеп, кој вели дека загубиле концентрација во последните пет минути, но притоа потенцираше дека ништо не е загубено бидејќи е почеток на сезоната.

„Игравме добро во текот на целиот натпревар, но ја загубивме концентрацијата во последните пет минути. Тоа може да му се случи секому. Сезоната е само на почетокот и ништо не е загубено – ќе продолжиме да играме добро и ќе се стремиме кон победа на секој натпревар“, вели Тунижанецот.

Мајдоуб за Спортска Мрежа истакна дека одлично е адаптирал во Богданци, дополнувајќи дека малиот град од Југот на Македонија живее и дише за ракометот.



„Совршено се адаптирав, а и соиграчите одлично ме прифатија. Животот овде е одличен – градот живее и дише за ракометот, а јас сум среќен што играм за овој тим. Ние сме како едно семејство“, вели Ахмед Мајдоуб.

Тунижанецот го најави и мечот со Вардар, потенцирајќи дека кога се игра против голем тим како Вардар, мотивацијата секогаш е на највисоко ниво.

„Мотивацијата секогаш е на највисоко ниво кога играме против голем тим како Вардар. На нас е да се бориме и да го дадеме максимумот, а резултатот на крајот ќе покаже каков ќе биде исходот. Атмосферата е одлична“, ни изјави ракометарот на Младост.

Натпреварот меѓу Младост и Вардар ќе се игра в сабота, во салата „Млаз“ во Богданци, со почеток во 18 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ВИДЕО) По 11 години Охрид конечно ќе добие затворен базен: Обезбедени 470 милиони денари за завршување на проектот

По речиси 11 години од започнувањето на изградбата, затворениот базен во Охрид добива нова перспектива за реализација. Министерството за спорт информираше дека Владата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!