КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Сподели
Сподели

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа жалбата на ФК Вардар АД Скопје за неправилен настап на фудбалерот Окере Ебубе Висдом за ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци, на осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија за сезоната 2026/27, ФК Вардар АД Скопје – ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци.

  • Комисијата за натпревари на ФФМ ја донесе следната одлука:

СЕ УСВОЈУВА жалбата на ФК Вардар АД Скопје за неправилен настап на фудбалерот Окере Ебубе Висдом за ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци, на осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија за сезоната 2026/27, ФК Вардар АД Скопје – ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци.

Согласно член 99, став 1, алинеја II и став 4 од Правилникот за натпревари на ФФМ, како и земајќи ги предвид член 8 и член 30, став 2 од Пропозициите за Куп-натпреварувањето на ФФМ за сезоната 2026/27, член 63, став 6 и член 68 од Правилникот за натпревари на ФФМ, ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци се елиминира од Куп-натпреварувањето на Македонија за сезоната 2026/27, а натпреварот ФК Вардар АД Скопје – ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци се регистрира со службен резултат од 3:0 за ФК Вардар АД Скопје.

ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци, согласно член 41, став 2, алинеја 2, се казнува со автоматска казна од 1.000 евра, во денарска противвредност на денот на уплатата.



Комисијата за натпревари на ФФМ во образложението наведе дека работи стриктно согласно правилниците, пропозициите, одлуките и другите акти на ФФМ кои се во сила и ги применува во целост, независно од партиската, верската, етничката или расната припадност и дека одлуките ги носи исклучиво согласно регулативите на ФФМ, кои се изготвени во согласност со соодветните акти на ФИФА и УЕФА. Секако, Комисијата за натпревари на ФФМ, доколку увиди неправилности и прекршувања на тие пропозиции, соодветно донесува одлуки, заштитувајќи ги рамноправно сите клубови учесници во натпреварувањето.

При донесувањето на одлуката, Комисијата за натпревари, не сакајќи да влијае врз резултатите на ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци во натпреварувањето во Првата МФЛ за сезоната 2026/27 и евентуално да влијае врз пласманот на клубот и во ова натпреварување, како и не сакајќи да бара вина кај фудбалерите учесници, одлучи да не покренува други дополнителни дисциплински пријави и слично, се со цел да се заштитат регуларноста и интегритетот на натпреварувањето, како и самите актери на теренот,  фудбалерите.

ФФМ повторно нагласува дека единствен критериум при донесувањето одлуки се пропозициите и правилниците за натпреварување, кои важат подеднакво за сите клубови.

Одговорноста за настанатата ситуација е исклучиво кај ГФК Тиквеш, односно кај лицата што клубот ги назначил за Комет администратори, чии неспособност и пропусти доведоа до ваков исход.



Ниту притисоци, ниту прес-конференции, ниту нарачани текстови исполнети со шпекулации и невистини нема да не поколебаат. Напротив. И во овој и во секој евентуален иден случај на прекршување на пропозициите и правилниците, ФФМ ќе постапува исклучиво согласно регулативите. Ваквите обиди за притисок се дополнителна причина доследно да се истрае во нивната примена.

Потсетуваме дека ова не е изолиран случај. ГФК Тиквеш, односно одредени лица од администрацијата на клубот и во блиското минато беа директно поврзани со случаи на фалсификати во документацијата на младинските категории, како и со нерегуларности во податоците внесувани во официјалниот систем за натпреварување на ФФМ.

Во случајот со фудбалерот Окере Ебубе Висдом, на 29.10.2026 година во системот е внесен нов медицински документ.
Но, тој не е единствениот фудбалер во клубот за кого постојат вакви сомнежи. Фудбалерот Андреј Велков, исто така, има медицинска белешка со иста форма како онаа на Окере, без печат од медицинска установа (бланко).

Ова отвора и многу посериозно прашање: што доколку, не дај Боже, дојде до здравствен проблем на фудбалер за време на натпревар, а медицинската документација не ги исполнува потребните услови? Одговорноста во вакви ситуации не е формалност, туку прашање на безбедноста и здравјето на самите фудбалери.

Пропозициите предвидуваат дека медицинската потврда задолжително се прикачува пред почетокот на првенството.

ФФМ нема да прави компромиси со регуларноста, нема да подлегнува на притисоци и нема да дозволи ничија неодговорност да биде на штета на клубовите што ги почитуваат правилата.



Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров приредија убедлива партија...

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига на шампиони на УЕФА, откако вечерва во Германија претрпе убедлив пораз...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

ИнтернационалциФудбалФутсал

Македонскиот судија Доне Ристовски доби нова задача од УЕФА – ќе го суди квалификацискиот дуел за СП меѓу Белорусија и Албанија!

Македонскиот интернационален футсал-судија Доне Ристовски доби нова меѓународна задача од УЕФА. Ристовски...

Прва лигаФудбал

Башкими може да ја стигне Брегалница, Арсими да ја згусне табелата во долниот дел

Најава и анализа на 13. коло во Првата македонска фудбалска лига Дербито...

ФудбалЧетврта лига

Напредок Радово со „петарда“, службена победа за Готен, Грозд до лото победа

Грозд прослави лото победа откако на домашен терен со убедливи 7:1 го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!