Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Сподели
Сподели

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските навивачи. Покрај трите постигнати гола во убедливата победа над Луксембург од 41:23, Хориха по завршувањето на натпреварот се најде во центарот на вниманието, кога голем број навивачи побрзаа да се фотографираат со него.

Новиот македонски репрезентативец го имаше своето деби во националниот дрес на натпреварот против Луксембург, одигран во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Хориха беше пречекан со аплаузи од македонската публика, а својот прв настап го одбележа со три постигнати погодоци, давајќи придонес во убедливиот триумф на нашата репрезентација.

На трибините беа присутни и негови пријатели, кои дојдоа да го поддржат на првиот натпревар во македонскиот репрезентативен дрес.

  • По дебито следуваше навивачка опсада за фотографии

Сепак, интересна приказна се случуваше и по завршувањето на натпреварот.

Хориха, кој за првпат настапи за Македонија, веднаш го почувствува вниманието и љубовта на македонските навивачи.

Голем број љубители на ракометот сакаа да го поздрават новиот репрезентативец, да разменат неколку зборови со него и да го овековечат моментот со заедничка фотографија.

Иако ова беше негов прв натпревар во македонскиот дрес, интересот за фотографирање покажа дека Хориха веќе го привлекол вниманието на домашната публика.

  • Меѓу навивачите и Давор Димитров од Кочани – човекот кој ја следи Македонија насекаде

Меѓу оние кои сакаа да се фотографираат со новиот македонски репрезентативец беше и Давор Димитров од Кочани, еден од најверните и најпрепознатливи поддржувачи на македонската ракометна репрезентација.

Давор е вистински вљубеник во ракометот и човек за кого натпреварите на Македонија претставуваат многу повеќе од обичен спортски настан.

Тој со години е редовен на трибините кога игра македонската репрезентација, а неговата посветеност не се ограничува само на натпреварите на домашен терен.

Димитров редовно ја следи Македонија и на Светските и Европските првенства, патувајќи за да им даде поддршка на македонските ракометари и да биде дел од атмосферата на големите натпреварувања.

Особено интересно беше и навивачкото барање испишано на транспарентот посветен на Хориха: „Дмитро Хориха, чи можна твоја футболка?“, што на македонски значи „Дмитро Хориха, може ли да го добијам твојот дрес?“.

Овој гест на верниот Давор предизвика лавина од емоции кај Хориха, кој истака дека ова е нештото најубаво што го има доживеано.

За Давор, кој не пропушта натпревар на македонската репрезентација, средбата со Хориха беше уште една можност во својата богата навивачка колекција да додаде фотографија со нов член на националниот тим.

  • Три гола на дебито и топол пречек од македонската публика

За Дмитро Хориха натпреварот против Луксембург ќе остане запаметен како негов прв настап за Македонија.

Трите постигнати погодоци беа неговиот прв придонес во националниот дрес, но подеднакво значајно беше и добредојдето што го доби од трибините.

Македонските навивачи уште еднаш покажаа колку силно се поврзани со ракометната репрезентација, а новиот репрезентативец имаше можност лично да ја почувствува таа поддршка.

Македонија го совлада Луксембург со убедливи 41:23, Хориха го прослави дебито со три гола, а навивачите, меѓу кои и неуморниот Давор од Кочани, се погрижија неговата прва вечер во македонскиот дрес да биде уште посебна.

Секако тука беше и победничката фотографија на Давор со селекторот Кирил Лазаров.

Давор сега се подготвува за Магдебург, Германија, каде ќе дава силна поддршка за Македонија на Светското првенство.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!