РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад.

За дуелот со српската репрезентација, кој ќе се одигра на стадионот „Караѓорѓе“, селекторот Александар Таневски го објави списокот на повикани фудбалери. На располагање ќе има вкупно 24 играчи кои ќе добијат можност да ги покажат своите квалитети на оваа контролна средба.

Голмани: Љупче Џеков (Силекс), Даниел Диковски (Вардар), Натаниел Димовски (Пелистер);

Одбрана: Златко Радевски (Тетекс), Андреј Велков (Брегалница), Давор Росиќ (Охрид), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Лука Атанасовски (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Андреј Аризанковски (Шкендија), Ѓорѓе Танчев (Брера).

Среден ред: Васил Тасовски (Младост Лучани, Србија), Теодор Николовски (Тиквеш), Илија Масларов (Лугано, Швајцарија), Никола Манојлов (Силекс), Мартин Ѓорѓиевски (Банска Бистрица, Словачка), Лука Трпевски (Црвена Звезда, Србија), Горјан Цветков (Скопје);

Напад: Никола Величковски (Скендербег, Албанија), Димитар Данев (Вардар), Адмир Љатифи (Осиек, Хрватска), Аритон Мехмед (Шкендија Арачиново), Игор Ристов (Брера, Македонија), Димитар Трајков (Влора, Албанија).

“Не очекува сериозен тест против исклучително квалитетна селекција. Србија е домаќин на Европското првенство до 21 година и со овој состав има високи амбиции, што го прави натпреварот одлична можност да ги провериме нашите можности против силен противник.

Поголемиот дел од нашиот состав го сочинуваат фудбалери родени во 2006 и 2007 година, кои треба да бидат носители на репрезентацијата во следниот квалификациски циклус. Покрај нив, ќе имаме и неколку фудбалери родени во 2005 година, кои поради возрасната граница нема да имаат право на настап во следниот циклус, но станува збор за играчи со потенцијал и квалитет за А репрезентацијата.

Фудбалерите од помладите генерации, кои беа дел од претходниот собир, овојпат ќе бидат на располагање на селекторите на соодветните младински селекции, кои ги очекуваат квалификациски натпревари. Во Федерацијата работиме според заеднички концепт и со јасна цел, развој на играчите и напредок на репрезентативниот фудбал.

Иако станува збор за пријателски натпревар, за нас тој има големо значење. Ќе ни овозможи да видиме како функционираме и реагираме против силен противник, но и да добиеме појасна слика за работите на кои треба да посветиме внимание во периодот што следува.“ – изјави селекторот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!