Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Одигравме добар натпревар и заслужено ја победивме Австрија!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската машка сениорска репрезентација на одличен начин ја започна втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, откако на гостински терен во Виена убедливо ја совлада Австрија со 91:59.

Еден од најважните адути во составот на селекторот Хозе Марија Берокал, Мозес Рајт, по натпреварот не го криеше задоволството од убедливиот триумф, но и од атмосферата која владее во националниот тим. Американецот истакна дека победата е резултат на одличната тимска игра и заедничкиот пристап на сите кошаркари.

„Секогаш е убаво да се победи. Имавме и доста загубени топки, можам да набројам уште неколку работи кои треба да ги поправиме, но генерално сум задоволен бидејќи ја завршивме работата за која дојдовме овде.

Среќен сум и поради атмосферата во екипата. Одигравме добар натпревар и заслужено победивме“, истакна Рајт.

Македонскиот репрезентативец веќе гледа кон следниот предизвик кој го очекува националниот тим. Во ноемврискиот ФИБА-прозорец, Македонија ќе го пречека Кипар во Скопје.

„Ни претстои натпревар против Кипар во Скопје во ноември. Можеби ќе биде тежок натпревар на физички план, но подготвени сме за тоа, бидејќи знаеме како да играме. Јас лично сум одиграл голем број натпревари од таков тип.

Очекувам да бидам дел од репрезентацијата и на тој натпревар“, порача Мозес Рајт.

Убедливата победа во Виена претставува одличен почеток за Македонија во новиот претквалификациски циклус, а следниот предизвик за избраниците на Берокал ќе биде ноемврискиот дуел со Кипар на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот. Според...

Прва лигаФудбал

Мислими: Мора да го заборавиме поразот од Брегалница и да се фокусираме на Башкими!

Поразот од Брегалница во последните моменти од натпреварот остави горчлив вкус во таборот на Арсими. Сепак, нема многу време за жалење, бидејќи тимот...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација од 17 години го освоија второто место го групата

Репрезентацијата до 17 години во женска конкуренција во последниот натпревар на квалификацискиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започнува продажбата на билети за Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!