Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Сподели
Сподели

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот.

Според натпреварувачкиот распоред, штипјани се слободни во првото коло и имаат обезбедено директен пласман во главната рунда, каде ги очекува исклучително тежок предизвик – италијанскиот тим Пјаченца.

Првиот натпревар од двомечот ќе се одигра на домашен терен, во СРЦ „Џексон“ во Штип, на 9 декември со почеток од 19:00 часот.

Реваншот е закажан за 6 јануари 2027 година, со почеток од 18:00 часот, во салата „Палабанка спорт“ во Пјаченца, Италија.

Интересно е што Штип УГД втора година по ред ќе има европски натпреварувачки обврски за време на божиќните празници. И минатата сезона македонскиот шампион играше на Бадник, кога во рамките на ЦЕВ Челинџ купот се соочи со италијанскиот Алијанц Милано

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе мора да одговорат на предизвиците на два фронта. Тимот на Борис...

Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот. Според...

Поврзани написи
Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!