Поразот од Брегалница во последните моменти од натпреварот остави горчлив вкус во таборот на Арсими. Сепак, нема многу време за жалење, бидејќи тимот веќе ги насочува мислите кон следниот предизвик – гостувањето кај Башкими во Куманово.
Фудбалерот на Арсими, Муарем Мислими, не го криеше разочарувањето од несреќниот пораз, но потенцираше дека екипата мора да извлече поуки од последниот натпревар, да продолжи напорно да работи и со уште поголема посветеност да се подготви за претстојниот дуел.
„Секако дека сме разочарани како екипа, бидејќи кога ќе примиш гол и ќе загубиш во последните секунди, тоа е многу тешко да се прифати. Сепак, фудбалот е таков и мора да извлечеме поуки од овој натпревар. Ќе работиме максимално, ќе се подготвиме што е можно подобро и ќе се вратиме посилни во следните натпревари.
Сега сме целосно фокусирани на следниот дуел против Башкими во Куманово. Знаеме дека нe очекува тежок натпревар, но нашите амбиции се јасни, да го дадеме максимумот на теренот и да се вратиме со позитивен резултат. Верувам во овој тим и убеден сум дека со работа и посветеност ќе успееме да ги оствариме нашите цели“, изјави Мислими.