Неизвесен натпревар се одигра во Радовиш каде Победа Валандово преку пресврт ја доби Плачковица со резултат од 1:2, во рамките на 6. коло на Втората женска фудбалска лига.
Розета Ташкова по девет минути го отвори резултатот и донесе предност за Плачковица, со која предност радовишкиот тим имаше позитива од 1:0 на полувреме.
Во вториот дел тимот од Валандово во пет минути направи пресврт, најпрво Анастасија Ристова во 55. минута погоди за 1:1, а во 60. минута Елена Мишовска постигна гол за конечни 1:2.
Башкими немаше сили за ланскиот прволигаш Топ Гол и на домашен терен загуби со резултат од 1:4 преку пресврт.
Домаќинот со голот на Рона Рустеми дојде до предност од 1:0 во 25. минута , а во 43. минута Дарија Стојчевска погоди за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Сара Стевановска постигна два гола за комплетен пресврт и водство од 1:3, а во 73. минута дојде и голот за конечни 1:4, а истиот беше дело на Тамара Давчева.
Ржаничино броеше до петнаесет гола во убедливата победа над Топ Грлс од Охрид, откако скопскиот тим беше убедлив до 15:1. Теодора Јанковска постигна дури шест гола, Мила Наумовска беше стрелец на четири гола, Миа Закев имаше два гола, а по еден гол постигнаа Мила Зафировска, Јована Гроздевска и Мила Ристовска.
За гостинот од Охрид единствениот гол падна во 59. минута, а истиот го постигна Матеа Грозданоска.
Билјанини Извори ја доби голеадата со Менада на домашен терен славејќи со 5:4, а на крилата на Стефанија Ристова која постигна три гола, а пак по еден гол постигнаа Сара Секулоска и Викторија Стојаноска. За тимот од Тетово двоен стрелец беше Елена Петровска, а по еден гол постигнаа Ева Андонова и Дајана Ристовска.
По шест кола на првото место е Ржаничино со максимални 18 бода, Билјанини Извори и Тол Гол го делат второто место со по 15 бода, на четвртото место е Башкими со девет гола.
Менада е на петтото место со шест бода колку што има и Победа Валандово, на седмото место е Топ Грлс со еден бод, а на дното е Плачковица со минус два бода.