Македонската бодибилдинг и фитнес репрезентација од 29 до 2 ноември ќе настапи на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес, кое се одржува во Санта Сузана, Шпанија.
Репрезентацијата е предводена од претседателот на федерацијата, Бобан Ѓороски, а Македонија ќе ја претставуваат петмина натпреварувачи: Катерина Попева, Мартина Цветковска, Илиријан Асани, Драган Стојчевски и Михаил Мандевски.
Македонските репрезентативци ќе имаат можност да ги одмерат силите со најдобрите натпреварувачи од светот и да се обидат да остварат забележителни резултати на еден од најзначајните натпревари во овој спорт.