Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Извлековме одличен резултат, момците покажаа карактер и ова е само успешен прв чекор!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската машка сениорска репрезентација на најдобар можен начин ја започна втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.

Избраниците на Хозе Марија Берокал одиграа одличен натпревар во Виена и убедливо ја совладаа Австрија со 91:59, со што уште на стартот испратија јасна порака дека имаат сериозни амбиции во оваа фаза од квалификациите.

Задоволството во македонскиот табор по убедливиот триумф е големо, а селекторот Берокал посебно го истакна карактерот на своите кошаркари, како и тимската игра која беше клучна за високата победа.

„Секогаш е добро кога едно натпреварување ќе се започне со победа. Овој ФИБА-прозорец беше сосема поинаков од претходните – среде лето, некои играчи можеби сè уште не се во посакуваната натпреварувачка форма, а имавме и многу кратки подготовки.

Имаше доста прашалници пред натпреварот околу тоа како ќе изгледаме на теренот, но покажавме дека знаеме и можеме да играме. Извлековме одличен резултат, момците покажаа карактер и ова е само успешен прв чекор“, рече Берокал.

Шпанскиот стратег како еден од најважните сегменти во убедливата победа ја посочи играта во одбраната.

„Тимскиот дух најдобро се виде токму во одбраната. Го задржавме противникот на само 59 поени, што е одличен дефанзивен учинок против шутерска екипа. Ги добивме сите четвртини, а кога ја движиме топката во нападот, играме навистина квалитетно.

Не е пресудно дали некој ќе погоди или ќе промаши отворен шут. Најважен е начинот на кој играме и како ја градиме нашата игра“, потенцираше селекторот на Македонија.

Селекторот се осврна и на учинокот на Мозес Рајт, кој имаше значајна улога во убедливиот триумф во Виена.

„Тој дефинитивно треба да биде нашиот главен стожер и референца под кошевите. Играчите од негов калибар се тука за да прават разлика на паркетот, а тоа денес беше повеќе од очигледно. Се надевам дека и во следните предизвици ќе можеме да сметаме на целиот состав.“

Македонија со убедливиот триумф над Австрија направи одличен прв чекор во втората рунда од претквалификациите, а следните натпревари ќе бидат нова можност избраниците на Берокал да го потврдат квалитетот и карактерот прикажани во Виена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе мора да одговорат на предизвиците на два фронта. Тимот на Борис...

Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот. Според...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација од 17 години го освоија второто место го групата

Репрезентацијата до 17 години во женска конкуренција во последниот натпревар на квалификацискиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започнува продажбата на билети за Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!