Ланскиот прволигаш Балкан на домашен терен забележа убедлива победа совладувајќи го Кратово со високи 11:3 во меч од 3 коло на Втората футсал лига на Македонија.
До убедливата победа Балкан стигна преку двојните стрелци Енис Реџеп, Исени Таркан, Јусуф Сулејмани и Пајтим Реџепи, додека пак по еден гол постигнаа Бејтула Авдулаи, Умерфарук Сулејман и Кристијан Димковски.
Гостинскиот тим трите гола ги постигна во вториот дел, а стрелци на истите беа Валентино Јовановски, Никола Стојчевски и Драган Стефанов.