Останато

Иџе со подиум на дебито со новиот болид – трет во Словенија меѓу 242 автомобилисти

Сподели
ФОТО: facebook Igor Stefanovski Idze
Сподели

Нашиот најдобар автомобилист на ридски патеки, Игор Стефановски – Иџе, викендов се искачи на подиумот во Словенија, освојувајќи го одличното трето место во генералниот пласман, во конкуренција на 242 автомобилисти од цела Европа.

За Стефановски ова беше особено значаен резултат бидејќи за првпат се натпреваруваше со својот нов автомобил „Nova Proto NPO1“. Деби настапот со новиот прототип беше крунисан со место на подиумот, што претставува уште еден голем успех во неговата богата кариера.

„Трето место во генералниот пласман во Словенија, во конкуренција на 242 автомобилисти од цела Европа, на моето деби со новиот прототип. Ова е нешто што ѝ дава дополнителна тежина на целата моја кариера“, порача Иџе по одличниот настап.

Со овој резултат, Иџе уште еднаш покажа дека е во самиот врв на европскиот автомобилизам на ридски патеки. Одличното деби со новиот прототип носи дополнителен оптимизам пред продолжението на сезоната. Стефановски продолжува со амбиции за нови подиуми и уште подобри резултати на следните трки.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот. Според...

Прва лигаФудбал

Мислими: Мора да го заборавиме поразот од Брегалница и да се фокусираме на Башкими!

Поразот од Брегалница во последните моменти од натпреварот остави горчлив вкус во таборот на Арсими. Сепак, нема многу време за жалење, бидејќи тимот...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!