Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Извлековме одличен резултат, момците покажаа карактер и ова е само успешен прв чекор!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската машка сениорска репрезентација на најдобар можен начин ја започна втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.

Избраниците на Хозе Марија Берокал одиграа одличен натпревар во Виена и убедливо ја совладаа Австрија со 91:59, со што уште на стартот испратија јасна порака дека имаат сериозни амбиции во оваа фаза од квалификациите.

Задоволството во македонскиот табор по убедливиот триумф е големо, а селекторот Берокал посебно го истакна карактерот на своите кошаркари, како и тимската игра која беше клучна за високата победа.

„Секогаш е добро кога едно натпреварување ќе се започне со победа. Овој ФИБА-прозорец беше сосема поинаков од претходните – среде лето, некои играчи можеби сè уште не се во посакуваната натпреварувачка форма, а имавме и многу кратки подготовки.

Имаше доста прашалници пред натпреварот околу тоа како ќе изгледаме на теренот, но покажавме дека знаеме и можеме да играме. Извлековме одличен резултат, момците покажаа карактер и ова е само успешен прв чекор“, рече Берокал.

Шпанскиот стратег како еден од најважните сегменти во убедливата победа ја посочи играта во одбраната.

„Тимскиот дух најдобро се виде токму во одбраната. Го задржавме противникот на само 59 поени, што е одличен дефанзивен учинок против шутерска екипа. Ги добивме сите четвртини, а кога ја движиме топката во нападот, играме навистина квалитетно.

Не е пресудно дали некој ќе погоди или ќе промаши отворен шут. Најважен е начинот на кој играме и како ја градиме нашата игра“, потенцираше селекторот на Македонија.

Селекторот се осврна и на учинокот на Мозес Рајт, кој имаше значајна улога во убедливиот триумф во Виена.

„Тој дефинитивно треба да биде нашиот главен стожер и референца под кошевите. Играчите од негов калибар се тука за да прават разлика на паркетот, а тоа денес беше повеќе од очигледно. Се надевам дека и во следните предизвици ќе можеме да сметаме на целиот состав.“

Македонија со убедливиот триумф над Австрија направи одличен прв чекор во втората рунда од претквалификациите, а следните натпревари ќе бидат нова можност избраниците на Берокал да го потврдат квалитетот и карактерот прикажани во Виена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонија доби организација на голем младински ракометен шампионат

Скопје повторно ќе биде во центарот на медитеранскиот ракомет, откако Македонија ја доби организацијата на 23. MHC Open Men’s Championship, кој ќе се...

Ракомет

Вардар со нов капитен пред стартот на сезоната!

РК Вардар влегува во новата сезона со промена во лидерската структура на тимот. „Црвено-црните“ одлучија капитенската лента да му ја доверат на голманот...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкари повторно на европската сцена – четврто ЕП во низа!

Најдобрите македонски одбојкари по четвртипат во низа ќе бидат дел од Европското...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Одигравме добар натпревар и заслужено ја победивме Австрија!

Македонската машка сениорска репрезентација на одличен начин ја започна втората рунда од...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Лука Стојановски: Имаме добра и комплетна екипа, сакаме победа против Австрија

Лука Стојановски важи за еден од најстандардните македонски репрезентативци во последните неколку...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија го одработи првиот тренинг во Виена, во недела следува дуел против Австрија

По пристигнувањето во Виена и краткиот одмор, македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!