Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново го освои Куманово, Башкими со нов пораз

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Шкендија од Арачиново освои три важни бода на гостувањето во Куманово против Башкими, славејќи со 2-1, благодарение на расположениот двоен стрелец Енис Фазлагиќ. Домаќините по цели 385 минути игра во фудбалската елита конечно успеаја да ја затресат противничката мрежа, но тој погодок сепак не беше доволен за да се избегне новиот пораз.

Гостите одлично го отворија натпреварот и уште во својата прва посериозна шанса во 8-та минута стигнаа до водство. Новите засилувања веднаш направија разлика на теренот, кога Ремзифаик Селмани асистираше, а Енис Фазлагиќ со силен и прецизен удар од околу 11 метри го совлада противничкиот голман.

Башкими за првпат се закани во 16-та минута преку Луис Рибеиро, чиј удар од дистанца за малку не го изненади чуварот на мрежата. Сепак, во вториот обид во 25-та минута домаќините стигнаа до израмнување од 1-1, кога Рибеиро фантастично го изведе слободниот удар и го постигна првиот гол за својот тим оваа сезона.

До крајот на првото полувреме следуваше динамична игра со шанси на двете страни. Мевлан Адили и Ремзифаик Селмани се заканија за Шкендија по изведените корнери, додека Башкими преку брзиот противнапад на Маимона и обидот на Стафа од дистанца не успеа целосно да го заврти резултатот.

Во 44-та минута гостите повторно го вратија водството. Бесир Демири проби по левата страна и му асистираше на Фазлагиќ, чиј прв удар од самата гол-линија го изби Фати Исмаили, но во продолжението на акцијата по изведениот корнер, Фазлагиќ со глава го постигна својот втор гол за 1-2.

Во второто полувреме Башкими тргна поизрамнето и прв се закани преку Адис Мурати кој со глава шутираше покрај голот. Шкендија имаше одлична прилика да ја запечати победата во 58-та минута кога Аритон Мемеди искористи грешка во одбраната и излезе сам пред голманот Алиу, но кумановскиот чувар на мрежата успешно интервенираше.

До крајот на средбата Рибеиро уште еднаш се закани од слободен удар, а шанси пропуштија и Дашмир Елези за гостите и Ливорека за Башкими по продорот на Амир Нухиу во 87-та минута.

Со оваа втора победа во сезоната Шкендија од Арачиново со подигната атмосфера го пречекува тимот на Брегалница во 6-то коло, додека Башкими своите први бодови ќе мора да ги бара на гостувањето кај Скопје.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!