Прва лигаФудбал

Јакупи: Ќе дадеме се од себе за да прославиме уште една победа со нашите навивачи

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По важната гостинска победа над Шкендија Арачиново, екипата на Арсими влегува со максимална мотивација и позитивна атмосфера во пресрет на натпреварот од 5. коло во домашниот шампионат против Скопје.

Во центарот на вниманието повторно ќе биде младиот и перспективен Лорик Каба Јакупи, кој во минатото коло беше херој на Арсими со два постигнати гола. Токму тој со големи очекувања го најавува претстојниот дуел, кој ќе се одигра во Гостивар.

Арсими ќе има можност со нова победа да ја потврди добрата форма и позитивниот момент во кој се наоѓа тимот.

По важната победа во гостински терен против Шкендија во Чаир, сме мотивирани и со голема верба за следниот натпревар против Скопје. Особено сум среќен што бев автор на двата гола во таа победа, но заслугата му припаѓа на целиот тим за ангажманот и големата работа што ја направивме на теренот.”

“Знаеме дека не очекува тешка пресметка, но работевме добро во текот на целата недела и сме подготвени да го дадеме максимумот на теренот. Овој натпревар го играме во Гостивар и се надеваме дека трибините ќе бидат исполнети со нашите навивачи. Поддршката од публиката е многу важна за нас и ни дава дополнителен мотив да се бориме за секоја топката и за секој бод”

“Сакаме да ја продолжиме позитивната серија на резултати и да прославиме уште една победа заедно со нашите навивачи. Ги покануваме сите љубители на спортот и поддржувачи на  Арсими да бидат со нас во Гостивар. Ние ќе дадеме се од себе за да ја возвратиме поддршката со уште едно добро издание и, се надеваме, со три бода”, изјави Лорик Каба Јакупи.

Натпреварот Арсими-Скопје ќе се одигра денес со  почеток во 16:30 часот на градскиот стадион во Гостивар.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот шампион Струга Трим Лум во натпреварот од 8. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига, со јасна цел – да стигне до...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!