Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ѓоргиев го доби дербито меѓу Саса и Тиверија Брера, Ристовски пресметката на Скопје и Љуботен

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Делегирани судиите за втората рунда од Првата женска фудбалска лига.

Сите натпревари се играат в недела, но во различна саатнина.

Дербито на колото во Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и Тиверија Брера ќе го суди Крумислав Ѓоргиев, а негови асистенти ќе бидат Радмила Неркова и Дејан Стоиков, а контролор ќе биде Сашко Ангелов.

Мечот започнува во 17 часот.

Во ист термин се игра и второто дерби меѓу актуелниот шампион Скопје и Љуботен, а правда ќе дели Доне Ристовски. Асистенти ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, а контролор ќе биде Зоран Темелков.

Дарко Стојанов ќе им суди на Кочани и фаворитот Истатов, а ќе му помагаат Ристо Ѓорѓиев и Снежана Илиевска. Контролор ќе биде Сашко Иванов, мечот започнува во 16:30.

Ас Јунајтед на домашен терен ќе игра против Вардар, меч кој стартува во 17 часот, а главен арбитар ќе биде Вјолца Изеири, а ќе помагаат Идриз Идризи и Хабиљ Љиворека. Контролор ќе биде Жарко Тодоровски.

Во 17 часот започнува мечот меѓу Пелистер Про и Речица, а правда ќе биде Бенарт Зеќири, ќе му помагаат Марио Мојсоски и Ангела Домазетовски.

Контролата ќе биде доверена на Горан Ангелески.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска...

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив против СЕЕ Университи, трите бодови во Велес

Кеги Моби триумфираше над СЕЕ Университи и во Велес се враќа со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!