Трета лигаФудбал

ФОТО: Речица славеше во Старо Нагоричане, Куманово до голема победа, три бода за Беса од Слупчане

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Куманово ја оправда фаворитската улога со висока победа од 4:1 над Липково во мечот од 2. коло на Трета лига регион 2.

Сите четири погодоци домаќинот ги постигна во првиот дел, резултатот го отвори Богдан Велиновски, Ќендрим Абази постигна два гола, а еден гол постигна Леон Момевски. Во вториот дел Иса Алили во 55. минута стрелаше за конечни 4:1.

Беса од Слупчане славеше над Влазними во Оризари со резултат од 1:2. Гостинот преку Харин Касуми и Шуајб Бајрами имаше два гола предност, а во финишот на првиот дел Сабри Рамадани погоди за конечни 1:2, откако во вториот дел немаше погодоци.

Во Старо Нагоричане беа постигнати дури четири погодоци за сигурна победа над Речица од 1:3 на Козјак. Немања Сојановиќ го отвори резултатот во 35. минута од средбата, а во 43. минута Младен Петрушевски погоди за 1:1 на полувреме.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во вториот дел Дарио Јакимовски го врати водството, а Христијан Кипријановски стрелаше за конечни 1:3 во две минути.



Пчиња со голот на Никола Ѓорѓиевски во 95. минута дојде до победа над Академија Осогово од Крива Паланка од минимални 1:0.

Претходно, како што објави Спортска Мрежа, екипата на Јуниор Славеше над Победа од Тромеѓа, нашиот извештај од тој меч е достапен овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!