Трета лигаФудбал

Илинден со „лото“ над Ржаничино, реми без голови на Студеничани и Беса Сарај, три бода за Аеродром

Сподели
ФОТО: ФК Илинден
Сподели

Фаворитот Илинден славеше висока победа од 7:1 над Ржаничино на домашен терен во рамките на 2. коло на Трета лига регион 1.

Двојни стрелци во високата победа за фаворитот беа Антонијо Крстевски и Давид Ристовски, а пак по еден гол постигнаа Кристијан Чурлинов, Матеј Божиновски и Бурхан Алији.

За гостинот единствен стрелец беше Стефан Богдановски кој погоди во 80. минута од средбата.

Мечот меѓу Студеничани и Беса Сарај заврши без победник, но и без погодоци (0:0) за делба на бодовите.

Аеродром со головите на Петар Давитов и Петар Тодоровски обезбеди победа од 0:2 на гостувањето кај Марино.

БВК Коњаре славеше домашна победа над Башкими Љуботен со резултат од 3:1, со двата гола на Руфат Чалафи и голот на Газменд Љамалари, а пак за гостинот погоди Албан Алија во 85. минута.

Кул Здравје и Њу Старс ги поделија бодовите во меч кој заврши со резултат од 2:2. Никола Јовановски во 6. минута донесе предност за домаќинот, а во вториот дел Лука Тасевски во 60. минута израмни на 1:1. Сепак, по седум минути домаќинот со голот на Јорго Цаца дојде до нова предност од 2:1, а Марко Тренески во 75. минута ги постави конечните 2:2.



Новајлијата Перпарими Нигиштан се израдува на триумф славејќи со 2:0 на домашен терен во Волково над Фортуна. Бурим Сулејамини во 37. минута донесе предност од еден гол на полувреме, а во вториот дел погоди Амар Фејзулаи во 68. минута конечни 2:0.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!