Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија со четворица претставници на ЕП за тенисери до 16 години

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Од 20 до 26 септември во италијанскиот град Парма ќе се одржува Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, на кое Македонија ќе има четворица претставници.

Во женска конкуренција македонскиот тим ќе го претставуваат Сара Митевска и Лина Николовска, додека кај момчињата ќе настапат Марко Алексовски и Алексеј Стојановски. Истите тенисери ќе ја претставуваат Македонија и во конкуренција на двојки.

Дел од македонските претставници утре ќе ги одиграат и првите мечеви. Алексеј Стојановски во второто коло ќе се соочи со Томи Лукса од Чешка, додека Марко Алексовски за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Јакуб Јашин од Белорусија и Николас Шилц Солви од Луксембург.

Кај девојките, Сара Митевска во второто коло ќе игра против Тинкара Сеп од Словенија, додека Лина Николовска за противничка ја има Андреа Папакирјаку од Кипар.

Македонските тенисери и тенисерки ќе настапат и во конкуренција на двојки. Алексовски и Стојановски во првото коло ќе играат против швајцарската комбинација Колин Ландри и Сем Ван де Лангенберг, додека Митевска и Николовска ќе се соочат со Ајше Бол и Танем Јилмаз од Турција.

Македонскиот тим во Парма е предводен од капитенот и тренер Тања Стојановска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!