Ненад Димитријевиќ се враќа во сениорската репрезентација на Македонија, а неговото враќање не помина незабележано кај ФИБА. Македонскиот репрезентативец е меѓу осумте кошаркари кои светската кошаркарска федерација ги издвои како играчи од кои се очекува да остават силен впечаток во втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029.
Димитријевиќ повторно ќе биде еден од главните адути на Македонија во продолжението од циклусот, откако се враќа во националниот тим по пауза. ФИБА потсетува на неговиот настап во квалификациите за Евробаскет 2025, кога против Литванија постигна 43 поени, а циклусот го заврши со просек од 26,2 поени на пет натпревари.
Македонија во втората рунда влегува со максимален ефект од шест победи во шест натпревари во првата рунда, со што избори место меѓу четирите победници на групите. Во групата Ф нашата селекција ќе игра против Австрија и Кипар.
Првиот предизвик е денеска, кога Кипар и Австрија ќе го отворат натпреварувањето во групата, додека Македонија својот прв натпревар ќе го одигра на 30 август на гостински терен против Австрија.
Со враќањето на Димитријевиќ, Македонија добива дополнителен квалитет и искуство во бековската линија, а очекувањата од еден од најдобрите македонски кошаркари повторно се големи.
За Димитријевиќ и Македонија првиот голем предизвик во втората рунда ќе биде дуелот со Австрија, кој ќе се одигра на 30 август во Виена, со почеток од 16:05 часот.
Станува збор за натпревар кој може да има големо значење во борбата за првите позиции во групата. Австријците имаат квалитетен состав и домашен терен, па македонската селекција ја очекува сериозен тест веднаш на стартот на втората претквалификацвиска фаза.
По успешната прва рунда, во која Македонија оствари перфектен скор од 6-0, враќањето на Димитријевиќ во националниот тим доаѓа во вистински момент.
Неговото искуство, креативност и поентерски квалитети, заедно со новата сила во составот, треба да бидат меѓу главните адути на селекторот Хозе Мариа Берокал.
ФИБА, пак, со својата листа на осум играчи за следење уште еднаш го потврдува статусот на Димитријевиќ како еден од кошаркарите кои можат значително да влијаат врз текот на втората рунда.
Македонската репрезентација сега го очекува продолжението на патот кон Евробаскет 2029 – со Димитријевиќ повторно во националниот дрес и со јасна цел: успешен старт на вториот круг од претквлификациите.