Втора лигаПрва лигаФудбал

Одлуки на Дисциплинската комисија на ФФМ: Тиквеш казнет со 5.000 евра,Струга ТЛ 2.000 евра

Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки за дисциплинските прекршоци направени на натпреварите од домашните фудбалски натпреварувања.

ГФК Тиквеш 1930 е казнет со парична казна од 5.000 евра поради националистички скандирања и фрлање предмети на теренот за време на натпреварот ГФК Тиквеш 1930 – ФК Шкендија Арачиново 77;

ФК Струга Трим Лум АД е казнет со парична казна од 2.000 евра поради слаба организација на натпреварот, односно необезбедување паркинг простор за гостинската екипа и несоодветно обележување на линиите на теренот за игра;

Фудбалерот на ФК Беласица, Димитриј Димитриевски, е казнет со забрана на настап на еден натпревар поради добиен втор жолт, односно црвен картон;

Фудбалерот на ФК АП Брера Струмица, Зоран Ивановски, исто така е казнет со забрана на настап на еден натпревар поради добиен втор жолт, односно црвен картон;

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија Арачиново поради слаба организација на натпреварот со ФК Аресими од 4. коло во Прва МФЛ, односно присуство на неслужбени лица во службени простории, обид за физички напад на судија и фрлање на предмети во теренот за игра.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска...

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив против СЕЕ Университи, трите бодови во Велес

Кеги Моби триумфираше над СЕЕ Университи и во Велес се враќа со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!