Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Зеќири: Мислам дека сме доста спремни за да победиме

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Лејсон Зеќири е еден од повратниците во сениорската репрезентација на Македонија и максимално подготвен го очекува новиот предизвик – гостувањето кај Австрија на 30 август во Виена. Зеќири се најде на списокот на селекторот Жозеп Марија Берокал за августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува стартот на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029.

„Имаме еден натпревар во овој претквалификациски циклус, односно ФИБА „прозорец“, оној против селекцијата на Австрија. Очекувам да го добиеме. Го комплетиравме тимот, ни се придружи и Мозес Рајт и мислам дека сега сме најквалитетни што можеме да бидеме“, вели Зеќири.

За македонскиот репрезентативец, серијата од шест победи е позитивен момент, но не треба да биде дополнителен притисок пред натпреварот во Виена.

„Да, навистина сето тоа изгледа добро, имавме 6-0, но сега ова е друга група, сè е ново. Не треба да се враќаме на она што било, мора да гледаме напред. Секако, поволен момент за нас е што сме во серија на победи. Сепак, многу е подобро чувството кога ќе победиш отколку кога ќе загубиш. Мислам дека сме доста спремни за да победиме“, додава Зеќири.

Австрија според ранкингот важи за сериозен противник, но Зеќири посочува дека македонскиот тим пред сè мора да биде концентриран на сопствената игра.

„Без оглед на сè, ние треба да ја гледаме само нашата работа. Има неколку денови до натпреварот во кои извесно ќе погледнеме и видео-материјали за тоа како игра нашиот противник. Ќе видиме што треба да подобриме и на што треба да работиме. Во овие денови ќе се фокусираме на тоа како да одиграме против Австрија“, истакнува Зеќири.

Македонија и Австрија ќе се соочат на 30 август во Виена, во рамките на вториот круг од претквалификациите за Евробаскет 2029.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пет кошаркарки го завршуваат својот репрезентативен ангажман

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Виктор Петровски е нов селектор на женската кошаркарска репрезентација на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија го именуваше младиот и трофеен тренер Виктор Петровски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!