Втора лигаФудбал

Пелистер се засили со двајца нови играчи

Сподели
Сподели

Второлигашот Пелистер продолжува со засилувањето на играчкиот кадар во пресрет на новата сезоната, а во таборот на битолскиот клуб пристигнаа две нови имиња.

20-годишниот бек Марко Стојиливески е нов фудбалер на Пелистер. Младиот дефанзивец доаѓа по кратката епизода во Смедерево, а претходно беше дел и од Брера Струмица. Стојиливески во Пелистер ќе има можност да продолжи со својот развој и да се наметне во составот на битолскиот тим.

Покрај него, ново офанзивно засилување за Пелистер е и 31-годишниот Иван Ивановски. Искусниот фудбалер има богата кариера и добро го познава македонскиот фудбал, каде што настапувал за Тиквеш, Гостивар и Силекс.

Ивановски има и интернационално искуство. Во Босна и Херцеговина го носеше дресот на Звјезда од Градачац, додека настапуваше и во Јордан, каде што кратко беше дел од Ал Рамта.

Со ангажманот на Стојиливески и Ивановски, Пелистер добива млад дефанзивец и искусен офанзивец, а клубот продолжува да го гради составот со кој ќе се обиде да оствари што подобар резултат во второлигашката конкуренција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

Грац го доби Макаби Нетанја и ја потврди лидерската позиција во групата на Проект

Домаќинот на групата А во претквалификациите за Лигата на шампионите, Атлетик Клуб Грац, стигна до втора победа во групата, откако вечерва со 2:0...

Останато

Сара Митевска со пораз од фаворитката Матула на Медитеранските игри

Најмладата македонска претставничка на Медитеранските игри во Таранто, тенисерката Сара Митевска, го заврши настапот во поединечна конкуренција со пораз. Митевска попладнево беше совладана...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбалФутсал

Грац го доби Макаби Нетанја и ја потврди лидерската позиција во групата на Проект

Домаќинот на групата А во претквалификациите за Лигата на шампионите, Атлетик Клуб...

Прва лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Струга, Александар Грујоски ќе им суди на Тиквеш и Вардар

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 5. коло...

Трета лигаФудбал

Формиран новиот клуб ГФК Победа, ќе игра во Трета лига регион 4

Клубот е создаден со јасна визија и цел повторно да се изгради...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!