Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Димоски: Шкендија има најголем квалитет во лигата, во Штип одиме по трите бодови!

Сподели
Сподели

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија, денес ќе гостува во Штип, каде што во рамките на 12. коло ќе ги одмери силите со Брегалница. Тетовскиот состав ќе се обиде да стигне до нова победа и да ја зачува лидерската позиција на првенствената табела, додека штипските „сини“ ќе бараат позитивен резултат против првопласираната екипа.

По 11 одиграни кола, Шкендија се наоѓа на првото место со освоени 24 бодови, а во последните пет натпревари има забележано две победи и три ремија. Од друга страна, Брегалница е седмопласирана со 13 бодови, со учинок од две победи, два порази и едно реми во последните пет првенствени средби.

Во пресрет на гостувањето во Штип, од таборот на Шкендија потенцираат дека екипата максимално се подготвува за новиот предизвик, а целта е јасна – освојување на трите бодови и враќање во победнички ритам.

Левиот бек на Шкендија, Бојан Димоски, се осврна на подготовките за натпреварот, моменталната форма на тимот, психолошкиот аспект по густиот распоред со настапи на домашната и европската сцена, како и на своето враќање по повредата.

  • Димоски: Шкендија секогаш оди на победа, без разлика дали игра дома или на гости

Димоски истакна дека подготовките за дуелот со Брегалница се одвивале според планот и дека неговата екипа е подготвена за предизвикот во Штип.

„Добро, работевме добро цела недела, максимално се подготвивме за овој натпревар. Мислам дека сме подготвени за овој натпревар, нè очекува важен предизвик на гостински терен, но за нас не е важно на кој терен играме, дали на гости или дома, Шкендија секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Брегалница и се надевам дека ќе одиграме максимално и ќе ги освоиме трите бодови“, изјави Димоски.

  • „Имаме најголем квалитет во лигата, но тоа мора да го докажеме на теренот“

Шкендија во последните пет првенствени натпревари забележа три ремија и две победи, а густиот распоред со настапите во Европа претставува дополнителен предизвик за тетовскиот состав.



Според Димоски, нормално е да има периоди на пад во играта кога екипата настапува на повеќе фронтови, но верува дека Шкендија има квалитет повторно да влезе во победничка серија.

„Без сомнение, нормално е кога имате многу натпревари и во Европа и во лигата да имате мала криза во играта, но Шкендија знае како да се справи со оваа ситуација и ние играчите знаеме како да се справиме со тоа. Мислам дека имаме поголем квалитет од сите други екипи во лигата, но тоа треба да го докажеме на теренот. Верувам дека ќе се вратиме на победите и ќе започнеме нова серија, како што ја имавме на почетокот на првенството, и мислам дека повторно ќе создадеме бодовна предност на табелата“, потенцираше левиот бек на Шкендија.

  • Димоски за враќањето по повредата: Подготвен сум да дадам 100 проценти за екипата

Фудбалерот на Шкендија се осврна и на својата физичка подготвеност по повредата, признавајќи дека сè уште не е во оптимална форма, но дека работи максимално за да биде подготвен за секој следен натпревар.

„Морам да признаам дека сè уште не сум целосно физички подготвен, но работам максимално и подготвен сум на секој натпревар да дадам 100 проценти. Што се однесува до психологијата, навистина е тешко за секој играч кога е повреден и надвор од терените, особено кога ќе го изгуби натпреварувачкиот ритам. Но, ние сме професионалци и мислам дека тоа е дел од фудбалот.“

  • „Надвор од теренот постои големо пријателство, но во Штип одиме по трите бодови“

Димоски очекува интересен натпревар против Брегалница, нагласувајќи дека меѓу двата клуба постои пријателство, но дека на теренот секој ќе се бори за сопствените цели.

„Да, секако. Брегалница е интересен противник, дуелите со Шкендија секогаш биле интересни. Надвор од теренот постои големо пријателство меѓу клубовите, но кога ќе започне натпреварот, мислам дека секој натпревар е непредвидлив и секој го бара најдоброто за себе. Затоа и ние ќе одиме по трите бодови во Штип“, заврши Димоски.

  • Брегалница пред предизвик против лидерот, Шкендија во одбрана на врвот

Неделниот натпревар носи важен предизвик за двете екипи, кои имаат различни цели во оваа фаза од првенството.

Шкендија со 24 бодови го предводи првенството и ќе се обиде да ја задржи првата позиција, а евентуална победа во Штип ќе биде значајна за продолжување на борбата за шампионската титула.

Брегалница, пак, со 13 бодови се наоѓа на седмото место и ќе има можност пред домашната публика да се надигрува со лидерот и да се обиде да го подобри својот бодовен биланс.

Иако тетовскиот состав има подобар пласман и повеќе освоени бодови, формата на Брегалница од две победи во последните пет натпревари најавува дека штипјани ќе имаат свои амбиции во овој дуел.

Натпреварот меѓу Брегалница и Шкендија ќе се одигра денес, со почеток од 14:30 часот, на Градскиот стадион во Штип.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тренчовски го освои „Људски врт“: Олимпија со Митровски славеше во големото дерби

Југослав Тренчовски и Димитар Митровски се радуваа на вредна победа во словенечкото...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига пред комплетирање на 10. коло ?

Денес ќе биде комплетирано десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига, а...

ФудбалФутсал

Црна Река подготвена патува во Штип за дербито со Мал Ајакс

Денес во Штип ќе се одигра дербито на 3. коло во Втората...

ФудбалФутсал

Во меч со 11 гола Јувентус Серава го доби Осогово од Крива Паланка

Повеќе од атрактивен натпревар се одигра вечерва, Јувентус Серава ја доби голеадата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!