Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Сподели
Сподели

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од клубот упатија голем повик до навивачите, граѓаните и сите љубители на ракометот од Југоистокот да ја исполнат спортската сала „Млаз“ и да им дадат силна поддршка на ракометарите во обидот да ја забележат првата сезонска победа.

По тешкиот почеток на сезоната, проследен со повреди и неколку несреќни порази, во таборот на Младост 1977 владее голема желба за прекин на негативната серија. Избраниците на Горан Андоновски се подготвуваат за нов предизвик, свесни дека против себе ќе имаат квалитетен и искусен противник, но и мотивирани пред домашната публика да стигнат до првата радост.

Натпреварот против Тиквеш во Богданци го очекуваат со посебно внимание, а од клубот веруваат дека поддршката од трибините може да биде дополнителна сила во борбата за бодовите.

  • Младост го повика целиот Југоисток да застане зад ракометарите

Од раководството на Младост 1977 упатија повик не само до жителите на Богданци, туку и до навивачите од Гевгелија, Валандово, Дојран, Струмица и останатите градови и населени места од Југоисточниот регион.

Пораката од клубот е јасна – денес салата „Млаз“ треба да биде исполнета со навивачи кои ќе создадат вистинска ракометна атмосфера и ќе бидат поддршка за екипата од првата до последната минута.

„Оваа недела не играме само за бодови. Играме за нашиот град, за нашиот клуб и за сите оние кои го сакаат Младост!“, порачаа од клубот во повикот до навивачите.

Во објавата се нагласува дека по сите предизвици со кои се соочи екипата на почетокот од првенството, сега е вистинскиот момент Богданци да се обедини околу својот ракометен клуб.

Од Младост посакуваат сино-белите бои да доминираат на трибините, а навивачите со своето присуство и гласно бодрење да им дадат дополнителна самодоверба на ракометарите.

„Не чекајте некој друг да ја направи атмосферата. Бидете дел од неа!“, е уште една од пораките со кои клубот ги повикува поддржувачите да бидат дел од неделниот ракометен спектакл.

  • Мајдоуб: Навивачите се нашиот клуч за победа, ќе се бориме да ги израдуваме!

Дека во соблекувалната на Младост 1977 постои силна желба за првиот сезонски триумф потврди и ракометарот Ахмед Мајдоуб, кој во изјава за Спортска Мрежа истакна дека екипата ја очекува тежок натпревар, но верува дека со вистински пристап и поддршка од трибините може да стигне до посакуваниот резултат.

„Натпреварот во недела ќе биде тежок, но ќе се бориме за победа. Лично, очекувам тежок дуел меѓу двете екипи. Навивачите се нашиот клуч за победа и ќе се бориме да ги израдуваме“, изјави Мајдоуб за Спортска Мрежа.

Неговата порака ја потврдува решеноста на ракометарите да дадат максимум против Тиквеш и да ја наградат поддршката што ја добиваат од своите навивачи.

  • Јанковски: Подготвени сме, со нашите навивачи одиме по првата победа!

Оптимизам во пресрет на неделниот натпревар изрази и крилото Славе Јанковски, кој летово пристигна во Младост 1977 од редовите на Радовиш.

Струмичанецот во изјава за Спортска Мрежа потенцираше дека екипата е добро подготвена, но дека за позитивен резултат против искусниот состав од Кавадарци ќе биде потребна максимална борбеност.

„Одлично сме подготвени, ја бараме првата победа на домашен терен оваа сезона со Тиквеш. Не очекува тежок натпревар со Тиквеш, која е една добра и искусна екипа, но со поддршка од нашите навивачи кои се со нас на секој натпревар и ни даваат максимална поддршка одиме на прва победа“, изјави Јанковски за Спортска Мрежа.

Тој смета дека во овогодинешното првенство секој натпревар носи голема неизвесност, а за успех против Тиквеш ќе биде неопходно да се намалат техничките грешки и да се задржи концентрацијата во текот на целиот натпревар.

„Секој натпревар оваа сезона е тежок и одлучуваат нијанси. Треба да се бориме за секоја тока, да ги намалиме техничките грешки на крај да имаме малку спортска среќа и да се радуваме на победа“, дополни Јанковски.

  • „Млаз“ повторно треба да биде силата на Младост

Богданци е град со богата ракометна традиција, а Младост 1977 е важен дел од спортскиот идентитет на оваа средина.



Противникот од Кавадарци располага со искусен состав, па за Младост ќе биде потребна дисциплинирана игра во одбраната, поголема сигурност во нападот и максимална посветеност во секој момент од натпреварот.

ФОТО: РК Младост 1977

Поддршката од трибините може да одигра значајна улога, особено во периодите кога ќе биде потребен дополнителен мотив и енергија.



Од клубот веруваат дека заедништвото меѓу ракометарите и навивачите може да придонесе за пресврт во сезоната, а пораката која ја испратија е исполнета со верба дека првата победа може да биде остварена токму пред домашната публика.

Натпреварот меѓу Младост 1977 и Тиквеш се игра денес, со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Млаз“ во Богданци.

Цената на влезницата изнесува 150 денари.

Од Младост 1977 ги повикуваат сите љубители на ракометот да пристигнат во салата, да создадат позитивна спортска атмосфера и да бидат дел од обидот за првиот сезонски триумф.

Младост 1977 не се откажува од својата цел. По повредите, тешките натпревари и несреќните порази, во Богданци повторно се буди надежта за победа. Ракометарите се подготвени за борба, а сега на ред се навивачите да ја исполнат салата „Млаз“ и да покажат дека клубот ја има поддршката на целиот регион.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Ракомет

Пилиповиќ, поранешниот голман на охриѓани, меѓу најдобрите во ЛШ!

Името на Кристијан Пилиповиќ повторно се најде во фокусот на европскиот ракомет,...

Ракомет

Валах меѓу најдобрите голмани во ЛШ!

Голманот на Вардар, Милош Валах, остави силен статистички белег во групната фаза...

Ракомет

„Јане Сандански“ ќе биде исполнета до последно место – распродадени билетите за дербито Вардар – Еурофарм Пелистер!

Македонскиот ракометен класик меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра пред...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!