Ракомет

Пилиповиќ, поранешниот голман на охриѓани, меѓу најдобрите во ЛШ!

Сподели
FOTO: HC Kriens-Luzern | facebook
Сподели

Името на Кристијан Пилиповиќ повторно се најде во фокусот на европскиот ракомет, овојпат благодарение на неговите статистички достигнувања во Лигата на шампионите. Голманот на Криенс-Луцерн се наметна меѓу чуварите на мрежата со најмногу интервенции во групната фаза, а неговиот настап сигурно ќе привлече внимание и кај љубителите на ракометот во Охрид.

Хрватскиот интернационалец минатата сезона го носеше дресот на ГРК Охрид, со кој настапуваше во ЕХФ Европскиот Куп, а потоа продолжи во швајцарскиот Криенс-Луцерн. Во актуелната сезона доби можност да се докажува и на најголемата клупска сцена во Европа.

Според статистиката од групната фаза, Пилиповиќ забележал 58 одбрани, со што се најде во друштвото на голманите со најмногу интервенции. Пред него на листата се Сергеј Ернандез од Барселона, Магнус Петерсен од Архус, Небојша Симиќ од Мелсунген и Емил Нилсен од Веспрем, додека зад него се Милјан Вујовиќ од Висла Плоцк и Милош Валах од Вардар, кој има 53 одбрани.

ФОТО: ГРК Охрид

Интересно е што меѓу голманите кои се најдоа високо на статистичките листи има и уште еден познат лик за македонската ракометна публика – вардаровиот Милош Валах, кој е меѓу најдобрите според процентот на успешност.

За охридската публика, Пилиповиќ останува добро познато име од минатата сезона, кога беше дел од тимот на „гладијаторите“. Неговото присуство меѓу истакнатите голмански имиња во Лигата на шампионите е уште една потврда дека Охрид минатата сезона имаше чувар на мрежата со квалитет за настап на највисоко европско ниво.

ФОТО: ГРК Охрид
Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид сака европско продолжение по големиот триумф над Пелистер!

Ракометарите на Алкалоид со позитивна атмосфера и дополнителна самодоверба го очекуваат следниот европски предизвик, откако остварија значајна победа во дербито против Еурофарм Пелистер....

Ракомет

Блажески за Спортска Мрежа: Фаворити сме, но мораме да дадеме 100% на двата натпревари!

ГРК Охрид го очекува нов европски предизвик во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, каде што за противник го има литванскиот Драгунас Клаипеда....

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид сака европско продолжение по големиот триумф над Пелистер!

Ракометарите на Алкалоид со позитивна атмосфера и дополнителна самодоверба го очекуваат следниот...

Ракомет

Блажески за Спортска Мрежа: Фаворити сме, но мораме да дадеме 100% на двата натпревари!

ГРК Охрид го очекува нов европски предизвик во третото коло од ЕХФ...

Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Мулти Есенс – Фадуил со 11 гола го предводеше шампионот до нова победа

Ракометарите на Вардар 1961 ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Мулти...

Ракомет

По Еурофарм Пелистер, европски испит: Алкалоид има три дена до Горење

Победата над Еурофарм Пелистер со 30:28 му даде силна увертира на Алкалоид...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!