Кошарка

Рикиќ со 29 поени го предводеше Работнички до „пет од пет“

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Работнички останува без грешка во МТЕЛ Суперлигата. „Црвено-белите“ го совладаа Скопје со 89:79 на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“ и ја запишаа петтата победа во исто толку првенствени натпревари. Главна фигура во триумфот беше Роберт Рикиќ со 29 поени и осум скока.

Домаќинот пружи силен отпор во првото полувреме. По шест израмнувања во воведната четвртина, Скопје ги заврши првите десет минути со предност од 20:17. Работнички го презеде водството во вториот период и стигна до 33:28, но домашните повторно се вратија и израмнија на 40:40. Сепак, последните пет поени пред одморот им припаднаа на гостите, кои на паузата водеа со 45:40.

Решавачката разлика беше направена во третата четвртина. Работнички го доби тој период со 30:20, а по седум минути игра веќе имаше убедливи 67:52. Со предност од 75:60 пред завршните десет минути, гостинскиот состав си создаде доволна залиха за мирно да го приведе натпреварот кон крајот.

Скопје ја намали негативата во последната четвртина, но не успеа сериозно да го загрози петтиот последователен триумф на противникот.

Покрај Рикиќ, значаен придонес кај Работнички имаше Дарин Говенс со 12 поени, осум асистенции и пет скока. Ефремовски додаде 10 поени, додека Робев и Николов постигнаа по девет.

Кај Скопје се издвои Колин Паркер со 23 поени и осум скока. Џонс заврши со 18, а Миловановиќ со 10 поени, но нивниот учинок не беше доволен за прекин на победничката серија на „црвено-белите“.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид сака европско продолжение по големиот триумф над Пелистер!

Ракометарите на Алкалоид со позитивна атмосфера и дополнителна самодоверба го очекуваат следниот европски предизвик, откако остварија значајна победа во дербито против Еурофарм Пелистер....

Ракомет

Блажески за Спортска Мрежа: Фаворити сме, но мораме да дадеме 100% на двата натпревари!

ГРК Охрид го очекува нов европски предизвик во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, каде што за противник го има литванскиот Драгунас Клаипеда....

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје доби нов тренер – искусниот Дејан Мијатовиќ го презема македонскиот шампион!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето околу новиот...

Кошарка

Димитријевиќ создаде повеќе од половина од асистенциите на Арис во победата над Ле Ман

Ненад Димитријевиќ со 11 поени и 13 асистенции беше меѓу главните носители...

Кошарка

(ФОТО) Работнички го урна шампионот во вечното дерби – МЗТ на колена, „црвено-белите“ со седум од седум во Суперлигата!

Кошаркарите на Работнички продолжуваат да доминираат во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата!...

Кошарка

Кошаркарска драма во Гевгелија и Кавадарци, Куманово ја декласираше Струмица

Седмото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе две неизвесни пресметки во кои...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!