Кошарка

Сапунџиев: Овој Пелистер е гладен за докажување !

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

Иван Сапунџиев по две години повторно го облече дресот на Пелистер, а повратникот во Битола верува дека младата екипа има голем потенцијал и желба за докажување.

„Имаме доста помлада екипа од досегашните и верувам дека ќе биде „погладна“ за докажување. Сигурен сум дека момците се спремни да остават име во македонската кошарка“, вели Сапунџиев.

Искусниот бек очекува изедначена сезона во домашното првенство, во која секој натпревар може да биде важен за конечниот пласман.

„Мислам дека ни следи изедначена сезона. Домашниот терен е клучен во скоро сите натпревари. Секое изненадување на гостински терен, без разлика дали сме ние или некои други екипи, ќе биде голем плус“, додава Сапунџиев.

Сапунџиев за Пелистер настапуваше од 2022 до 2024 година, а во новата сезона повторно ќе биде дел од битолскиот состав, кој претрпе значителни промени во ростерот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Кошарка

Бадел 1862 го доби дербито со Баскет Кам, Клири блесна со 36 поени за трета победа во низа!

Кошаркарките на Бадел 1862 ја продолжија победничката серија во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

Кошарка

Драма во „Јасмин“: Тиквеш се врати од минус 11, Волф го урна ТФТ за голема победа во Кавадарци!

Кошаркарите на Тиквеш Голден Игл приредија голем пресврт пред домашната публика во...

Кошарка

Рикиќ со 29 поени го предводеше Работнички до „пет од пет“

Работнички останува без грешка во МТЕЛ Суперлигата. „Црвено-белите“ го совладаа Скопје со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!