РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У20 со висок пораз од Мароко го заврши настапот во Таранто

Сподели
Сподели

Македонската репрезентација до 20 години со пораз го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто, откако убедливо загуби со 1:5 од селекцијата на Мароко до 19 години.

Мароко уште во првата минута дојде до предност преку Хамза Раџи, но Македонија експресно возврати. Во 4. минута, Дарјан Тасев погоди за израмнување на 1:1.

Резултатот остана непроменет до 36. минута, кога Зенеби Талби повторно му донесе предност на Мароко. Во второто полувреме, мароканската селекција целосно го презеде натпреварот и постигна уште три гола.

Мунсеф зголеми на 3:1, а потоа Есади и Гурари погодија за конечни 5:1.

Со овој пораз, Македонија го заврши настапот на Медитеранските игри на последното место во групата, со само еден освоен бод.

МАКЕДОНИЈА – МАРОКО 

Стадион: „Џовани Паоло II“, Таранто

Стрелци: 0:1 Хамза Раџи 1`, 1:1 Дарјан Тасев`,1:2 Зинеби Талби 36`, 1:3 Мохамед Мунсеф 58`, 1:4 Карим Есади 78`, 1:5 Абделгафур Гурари 84`

МАКЕДОНИЈА: Стефан Јовановски, Златко Радески, Андреј Велков, Адис Мурати, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Давид Матески (М. Николовски), Харун Незировски (Н. Манојлов), Дарјан Тасев (В. Делов), Давид Голубов (С. Арифи), Андреј Стојановски (Л. Бојаџиев); Селектор: Александар Таневски;

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација од 17 години го освоија второто место го групата

Репрезентацијата до 17 години во женска конкуренција во последниот натпревар на квалификацискиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започнува продажбата на билети за Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!