Останато

Хонтама ја елиминираше Ѓорческа во првото коло на УС Опен

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во квалификациите за УС Опен. На стартот од квалификацискиот турнир, Ѓорческа загуби од Јапонката Маи Хонтама со 0:2 во сетови (6:7, 3:6), по 106 минути игра.

Во првиот сет двете тенисерки направија по три брејка, но Хонтама во поголемиот дел од сетот имаше предност. Јапонката поведе со 2:0 и 4:1, но Ѓорческа успеа да се врати и да израмни на 5:5. Сепак, во тај-брејкот Хонтама поведе со убедливи 6:0 и го освои сетот за водство од 1:0.

Во вториот сет Хонтама повторно стартуваше подобро и поведе со 2:0. Ѓорческа успеа да израмни на 3:3, но потоа Јапонката направи два брејка и со серија од три гема го освои сетот со 6:3, со што го обезбеди пласманот во следната рунда.

Ѓорческа натпреварот го заврши со 33 неизнудени грешки, додека Хонтама имаше 15. Македонската тенисерка имаше и сериозни проблеми со сервисот, направувајќи дури 12 двојни грешки.

За настапот во квалификациите на УС Опен, Ѓорческа освои два ВТА поени и награда од 32.000 американски долари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Поврзани написи
Останато

Орион Старс го победи Штип УГД, македонскиот шампион освои два сета во „Џексон“

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД загуби од холандскиот првак Орион Старс со...

Останато

Штип УГД денес го игра реванш натпреварот против Орион Старс во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Штип УГД попладнево од 18 часот во СЦ „Џексон“ во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!