Од 15 до 18 октомври 2026 година, во Бајина Башта, Србија, се одржа 57. Генерално собрание на Европската планинарска асоцијација (ЕРА), како и Собранието на Балканската планинарска унија (БМУ), во организација на Планинарскиот сојуз на Србија.
На четиридневниот настан учесниците имаа можност да разменат знаења и искуства, да разговараат за идни заеднички проекти во областа на планинарењето и планинарските спортови, како и да се запознаат со природните убавини на Србија.
Посебно значаен момент на собранието на Балканската планинарска унија беше приемот на Кипар како нова членка на БМУ, со што се проширува регионалната соработка и се отвораат нови можности за заеднички иницијативи во планинарството.

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) на собранијата ја претставуваше Петар Нолев, член на Претседателството на ФПСМ, кој учествуваше во работата на овој меѓународен собир.
Од ФПСМ упатија искрена благодарност до Планинарскиот сојуз на Србија за одличната организација, топлото добредојде и гостопримството што им беше укажано на сите учесници.
Учеството на вакви меѓународни собири претставува можност за унапредување на соработката меѓу планинарските организации, размена на искуства и развој на идни заеднички проекти, со цел понатамошна афирмација и унапредување на планинарењето и планинарските спортови во Европа и на Балканот.