По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци.
Засега на врвот е фудбалерот на Овче Поле, Тоше Манов, кој успеа да постигне седум гола, а зад него со гол помалку е Филип Спенџарски, фудбалерот на Каменица Саса има постигнато шест гола.
Тројца фудбалери во овој третолигашки регион имаат постигнато по пет гола, тоа се Марио Атанасовски од Брегалница Делчево, Никола Костадинов од Победа Валандово и Тони Мичковски од Малеш.
По четири гола имаат двајца фудбалери односно Димитар Јанев од Дојранско Езеро и Александар Коцев од Хоризонт Турново.