РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја отвори трката за пласман на Европското првенство во 2028 година пред домашните навивачи.

Првата пречка за избраниците на Кирил Лазаров ќе биде селекцијата на Луксембург, која гостува во Скопје на 4 ноември. Натпреварот ќе се одигра во среда, со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Македонските ракометари ќе имаат можност со поддршка од трибините да го започнат квалификацискиот циклус со посакуван резултат, а навивачите веќе можат да обезбедат билети за првиот домашен натпревар.

Влезниците се достапни онлајн преку платформата MK Tickets, каде што може да се изврши купувањето за дуелот со Луксембург.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската футсал репрезентација до 19 години ја совлада репрезентацијата на Црна Гора на вториот контролен натпревар

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа победа од 6:3 против Црна Гора во вториот контролен натпревар, кој се одигра во Тиват....

ИнтернационалциФудбал

Брера Струмица против Хофенхајм за продолжување на европската младинска авантура

Македонскиот младински шампион Брера Струмица денеска го очекува нов голем предизвик на европската сцена. Струмичани во второто коло од Младинската лига на шампиони...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар брка европски триумф против Мелсунген за крај на настапот во ЛШ!

Вардар 1961 го очекува последниот предизвик во групната фаза од Лигата на...

Ракомет

Во продажба билетите за ракометниот спектакл Вардар – Еурофарм Пелистер!

Се приближува новото издание на најголемото домашно ракометно ривалство, а навивачите веќе...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров ги избра адутите за стартот на квалификациите за ЕП 2028, ново име на списокот!

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги прави последните подготовки за почетокот на...

Ракомет

Алкалоид го надигра Бутел во дуелот на Лазаров и Стоилов, „фармацевтите“ до седма победа во Суперлигата

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со успешните настапи во македонската Суперлига, откако во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!