Останато

Штип УГД денес го игра реванш натпреварот против Орион Старс во Лигата на шампионите

Сподели
Сподели

Македонскиот шампион Штип УГД попладнево од 18 часот во СЦ „Џексон“ во Штип ќе го пречека холандскиот првак Орион Старс во реванш-натпреварот од првата рунда во ЦЕВ Лигата на шампионите.

Холандскиот тим влегува како голем фаворит во возвратниот дуел, откако пред една недела на домашен терен славеше со максимални 3:0 во сетови. Штипјани ги очекува тежок предизвик, но ќе се обидат да одиграат што е можно подобар натпревар пред домашната публика.

„Орион Старс е еден сериозен противник, располага со квалитет, но и сериозен буџет. Резултатот во првиот меч донекаде е очекуван. Истовремено сметам дека и ние можевме да дадеме посилен отпор, што верувам дека ќе се случи сега, на домашен терен. Се надевам дека со подобра игра на приемот и на блокот ќе можеме подобро да му парираме на противникот и да покажеме заби“ – вели репрезентативецот во редовите на Штип УГД, Стојче Арсов.

Сепак, за Штип УГД овој натпревар нема само резултатско значење, туку и историско, клубот не само што сезонава дебитира во најквалитетното европско клупско натпреварување, туку и за прв пат во Штип ќе се игра еден ваков „елитен“ дуел. Спортскиот центар „Џексон“ пред само месец дена се врати во полн сјај, а денеска ќе биде локацијата на која ќе се игра еден натпревар од Лигата на шампионите.

„Ова е историска вечер! Прв натпревар во Штип и во СРЦ Џексон од овој калибар и зошто да не приредиме изненадување!? Потребна ни е поддршка од публиката, која ќе биде наш седми играч. Од друга страна не знам кога во иднина ќе имаат повторно шанса да бидат дел од еден дуел во Лигата на шампионите. Влегуваме одморени и подготвени, и покрај тоа што распоредот ни е густ поради настапот и во домашната лига. Со ладни глави, ветувам подобра игра и борбеност и ги повикувам сите на уште еден спектакл кој ќе го понуди нашиот колектив“, вели капитенот на екипата, средниот блокер, Михајло Мирасчиев.

Влезот во СРЦ „Џексон“ во Штип ќе биде слободен за сите љубители на одбојката и поддржувачи на клубот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар брка европски триумф против Мелсунген за крај на настапот во ЛШ!

Вардар 1961 го очекува последниот предизвик во групната фаза од Лигата на шампионите, во кој на домашен терен ќе ги одмери силите со...

Ракомет

Во продажба билетите за ракометниот спектакл Вардар – Еурофарм Пелистер!

Се приближува новото издание на најголемото домашно ракометно ривалство, а навивачите веќе можат да обезбедат место на трибините за пресметката меѓу Вардар и...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД и Струмица 47&72 без пораз по вторите турнири кај младинците

Викендов се одиграа вторите турнири во машката младинска конкуренција, по кои Штип...

Останато

Ѓорческа со голем пресврт ја елиминираше третата носителка во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на ИТФ W50 турнирот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!