Ракомет

Вардар брка европски триумф против Мелсунген за крај на настапот во ЛШ!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Вардар 1961 го очекува последниот предизвик во групната фаза од Лигата на шампионите, во кој на домашен терен ќе ги одмери силите со германскиот Мелсунген. Иако македонскиот шампион веќе нема шанси да обезбеди место во главната рунда, „црвено-црните“ имаат мотив плус да стигнат до нова победа пред својата публика.

Избраниците на Иван Чупиќ ќе се обидат со позитивен резултат да го заокружат европскиот настап во елитното натпреварување, пред продолжението на сезоната во Европската лига. Од другата страна, гостите од Германија пристигнуваат во Скопје со шест бода и со јасна цел – да останат во трката за пласман во следната фаза.

Борбата за двете места во главната рунда е особено неизвесна, бидејќи Мелсунген, Висла Плоцк и Нант пред последното коло имаат идентичен бодовен учинок. Германците во претходното коло направија важен чекор со победата над Висла со 28-26, па во Скопје ги очекува уште еден натпревар со голема тежина.

Вардар, пак, има можност да му се реваншира на ривалот за поразот во првата пресметка. На гостувањето во Касел, Мелсунген славеше со 33-31, но скопјани до последните минути беа во игра за поволен исход. Сега, со поддршка од трибините во „Јане Сандански“, ќе се обидат да возвратат и да стигнат до втор триумф во групната фаза.

Во пресрет на овој дуел, вардарци се во добра форма. Победите над Нант, Бутел и Прилеп донесоа дополнителна самодоверба, а особено одекна гостинскиот триумф во Франција, каде што македонскиот тим го совлада Нант со 33-27.

Средбата меѓу Вардар 1961 и Мелсунген е закажана за денеска со почеток во 18:45 часот, а домашниот состав ќе се обиде европската приказна во Лигата на шампионите да ја заврши со победнички печат.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Брера Струмица против Хофенхајм за продолжување на европската младинска авантура

Македонскиот младински шампион Брера Струмица денеска го очекува нов голем предизвик на европската сцена. Струмичани во второто коло од Младинската лига на шампиони...

РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја отвори трката за пласман на Европското првенство во 2028 година пред...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја...

Ракомет

Во продажба билетите за ракометниот спектакл Вардар – Еурофарм Пелистер!

Се приближува новото издание на најголемото домашно ракометно ривалство, а навивачите веќе...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров ги избра адутите за стартот на квалификациите за ЕП 2028, ново име на списокот!

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги прави последните подготовки за почетокот на...

Ракомет

Алкалоид го надигра Бутел во дуелот на Лазаров и Стоилов, „фармацевтите“ до седма победа во Суперлигата

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со успешните настапи во македонската Суперлига, откако во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!