Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, пред своите гледачи во салата „Ристе Ристески – Ричко“ славеа над Мулти Есенс со 31:26.
- ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР: ПРИЛЕП – МУЛТИ ЕСЕНС
Домашниот состав уште од стартот на натпреварот покажа сериозен пристап, а на полувремето имаше предност од 15:13. Во продолжението прилепчани ја задржаа контролата врз резултатот и стигнаа до убедлива победа со пет гола разлика.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Денис Шабановиќ со осум погодоци. Димитар Димитриоски постигна пет, додека Андреј Стојаноски натпреварот го заврши со четири гола.
Кај скопскиот тим, Горазд Дамчевски беше најпрецизен со пет погодоци, но Мулти Есенс немаше одговор за расположениот домаќин.
Турнирот продолжува утре, кога на терен ќе излезат ГРК Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2.