Екипата на Компанија Атанасовски го освои Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2026“, откако вечерва во штипската населба Чардаклија славеше со резултат од убедливи 2:6 над Перо и Тајфата.
Публиката проследи возбудливо финале на почеток од средбата, а потоа следеше погодоци за убедлива победа на Компанија Атанасовски.
Во мечот за трето место тимот на Украс Инк со 3:5 го доби составот на КМФ Кратово.


- Конечен пласман:
1. Компанија Атанасовски
2. Перо и Тајфата
3. Украс Инк
4. КМФ Кратово

За најдобар играч на турнирот е прогласен Кристијан Ристевски, најдобар голман е Иван Стојановски – Шваба, а пак Кирил Неделков е најдобар стрелец на турнирот со постигнати 20 погодоци.

Спортска Мрежа и годинава беше медиумски покровител на овој спортски настан, нашата соработка започна уште во 2022 година, кога за првпат Спортска Мрежа започна темелно да известува за Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“, кој се игра во штипската населба Чардаклија.
Турнирот заврши успешно, годинава имаше силна конкуренција, квалитетни екипи од речиси сите краеви на државата, со многу погодоци, дерби натпревар, неизвесни средби, пенали… возбуда и комплетно уживање на публиката, а годинава беа монтирани и трибини, со што публиката добива далеку подобри услови за да ги следи натпревари.

До следното издание на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ спортски поздрав од Чардаклија.