ИнтернационалциФудбал

Тренчовски со победа тргна на клупата на Олимпија Љубљана – забележана минимална победа

Сподели
ФОТО: NK Olimpija Ljubljana
Сподели

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски на најдобар можен начин ја започна својата авантура на клупата на Олимпија Љубљана. На своето деби, тој го предводеше словенечкиот клуб до минимална победа од 1-0 против Алуминиј, а решавачкиот погодок беше постигнат во третата минута од судиското продолжение.

Олимпија во текот на целиот натпревар ја имаше контролата врз играта и беше далеку поопасен противник. Домаќините доминираа со 63 проценти посед на топката и упатија дури 17 удари кон противничкиот гол, со шест удари во рамки на голот, но долго време не успеваа да ја претворат иницијативата во погодок.

Кога веќе изгледаше дека натпреварот ќе заврши без победник, Урбанчиќ се најде на вистинското место и во 93. минута ја затресе мрежата за голема радост на домашните навивачи и победнички почеток на Тренчовски на клупата на Олимпија.

Во почетниот состав на Олимпија беше и македонскиот интернационалец Димитар Митровски, кој одигра 72 минути пред да биде заменет.



Ова беше прва победа за Олимпија во новата сезона, откако словенечкиот тим претходно ги загуби првите две првенствени средби – од Браво со 2-0 и од Мура со 1-0. По тие неуспеси клубот се реши за тренерска промена и довербата му ја даде на Тренчовски, кој веднаш возврати со освоени три бода.

Со овој триумф Олимпија го напушти последното место на табелата и доби силен мотив пред продолжението на шампионатот. Следниот предизвик за македонскиот стратег и неговите избраници ќе биде гостувањето кај Целје, каде ќе се обидат да ја продолжат победничката серија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!