Ракомет

Пелистер го обезбеди потписот на Еџе Сејадин – најдобриот стрелец од кадетската лига пристигнува во Битола

Сподели
Сподели

Женскиот ракометен клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а како што објави Спортска Димензија, нов член на битолскиот суперлигаш е една од најталентираните млади македонски ракометарки, Еџе Сејадин.

Станува збор за ракометарка која зад себе има одлична сезона и важи за една од најголемите надежи на македонскиот женски ракомет. Сејадин беше најдобар стрелец во кадетската лига со 86 постигнати погодоци, додека во Првата лига заврши како втор стрелец со 164 гола, веднаш зад Анастасија Сентовска.

Младата ракометарка минатото лето од Ресен направи трансфер во Стружанка, каде што со своите настапи го привлече вниманието на повеќе клубови. Одличните партии сега ѝ донесоа и трансфер во Пелистер, каде што ќе има можност да настапува во Супер лигата и да се докажува против најсилните екипи во македонскиот женски ракомет.

Битолскиот клуб првично требаше новата сезона да ја започне во Првата лига, но по повлекувањето на Астибо од елитното натпреварување, Пелистер го задржа своето место во Супер лигата. Со тоа, Сејадин ќе добие можност уште оваа сезона да игра против екипи како Ѓорче Петров, Чаир, Вардар и останатите суперлигашки состави.



Со ангажманот на една од најперспективните млади ракометарки во земјата, Пелистер добива значајно засилување во ростерот, а Еџе Сејадин нова шанса за дополнителен напредок и афирмација на највисоко домашно ниво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!