Ракомет

РК Илинден го засили стручниот штаб: Дејан Пецаковски е нов помошник тренер на дебитантот во Првата лига

Сподели
ФОТО: РК Илинден
Сподели

Ракометниот клуб Илинден продолжува со формирањето на стручниот штаб во пресрет на новата сезона, во која клубот за првпат ќе настапува во Првата ракометна лига на Македонија. Ново име во редовите на дебитантот е поранешниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски, кој ќе ја извршува функцијата помошник тренер.

Пецаковски зад себе има богата и успешна играчка кариера, настапувајќи за неколку од најреномираните македонски клубови, меѓу кои Пелистер, Металург, Вардар, Зомимак, Еурофарм Работник и Пролет, а интернационално искуство стекна и во тунискиот клуб Африкан.

На репрезентативен план, тој беше капитен на младинската репрезентација на Македонија која настапи на Светското првенство во 2007 година, додека подоцна беше дел и од сениорската репрезентација на Европското првенство во Данска во 2014 година.

По завршувањето на својата играчка кариера, Пецаковски се посвети на тренерската работа, со цел стекнатото искуство, знаење, дисциплина и победнички менталитет да го пренесе на младите ракометари.

Со ангажманот на Дејан Пецаковски, РК Илинден добива значително засилување во стручниот штаб во пресрет на историската сезона, во која клубот ќе дебитира во Првата ракометна лига на Македонија, со амбиција да остави позитивен впечаток и да изгради конкурентен тим.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот шампион во...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!