Продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а вечерва беа постигнати гол број на погодоци, атрактивни и високи победи, а публиката следеше неверојатни средби.
Мена Транс приреди вистински спектакл откако со неверојатни 6:3 го декласираше ФАФА Транспорт, а гол на мечот, но и на вечерта беше делот на Филип Ристов, кој сакам го помина цел терен и постигна неверојатен гол.
Потоа следуваше пораз за Мена Транс од 4:0, откако „шлеперите заглавија“ на мечот со Даниел Инженеринг, но потоа пак популарните „лалиња“ загубија на вториот нивен меч од екипата на Вергови, која со 5:1 го доби Даниел Инженеринг.
Последниот меч донесе шест гола, тимот на Интерпласт како на тренинг доби составот на Beauty Studio Staysu со неверојатни 6:0.
Возбудувањата продолжуваат и утре со нови четири натпревари, а Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.