Трета лигаФудбал

ФОТО: Влазерими со нова победа, совладан Крошу Спорт во меч со пет гола

Сподели
Сподели

Кичевски Влазерими Јуниор продолжува да нижи победи во Трета лига регион 5, откако на гостински терен во Кравари со 2:3 славеше над новајлијата Крошу Спорт, за трет триумф од толку натпревари.

Гостинот преку Леотин Бајрами во 17. минута дојде до почетна предност, а домашниот тим преку Дамјан Бојин и Даниел Николовски успеа да го сврте резултатот на 2:1 на полувреме.

Во вториот дел се случи нов пресврт во полза на гостинот од Кичево, откако Албулен Имери со два гола ги постави конечните 2:3.

До утре Влазерими ќе биде лидер со девет бода, но има меч помалку во однос на конкурентите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар го декласира Охрид во „Јане Сандански“ и продолжи со перфектен ритам

Вардар ја продолжи победничката серија во Суперлигата, откако во петтото коло убедливо го совлада Охрид со 27-18 во „Јане Сандански“. „Црвено-црните“ уште во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор Проески“, во третото коло од Лигата на нации, а познати се...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со висока победа против Истатов, Панеска беше стрелец на пет гола

Тиверија Брера експресно се врати на победничките патеки, откако на домашен терен...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Нова победа на амбициозниот Илинден, триумф над Башкими Љуботен

Амбициозниот третолигаш Илинден продолжува да нижи победи, но и да ги полни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!