Турнири

Перо и Тајфата до победа со ДЕСЕТ гола, Компанија Атанасовски ја „искина“ мрежата во Чардаклија

Сподели
Сподели

Публиката вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија беше сведок на неверојатни натпревари кои донесоа рекорден број на погодоци – можеби и се поставува прашањето, дали ваков број на погодоци бил некогаш постигнат?

Перо и Тајфата ја отвори вечерта со победа од 7:10 над Чардаклија Сениори, што понуди дури 17 погодоци.

Веќе на вториот меч беа постигнати 12 погодоци за славје на Тобис Агро од 9:3 над Благица Kitchen, а потоа тимот на Благица Kitchen доживеа тежок пораз откако Компанија Атанасовски ја „растури“ екипата со 0:13.

Во четвртиот меч на вечерта Компанија Атанасовски со 10:2 ја доби екипата на Тобис Агро.

Утрешната програма нуди четири натпревари.

20:00 Украс ИНК – Чардаклија Сениори
20:50 Украс ИНК – Техногума-Мела Рент
21:40 Компанија Атанасовски – No Stop Transport
22:30 Компанија Атанасовски – Каров Шпед Шкорпиони

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!